Турција: Бројот на загинати во разорните земјотреси надмина 46.000

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Бројот на загинати во разорните земјотреси што на 6 февруари ја погодија јужна Турција се искачи на 46.104, изјави денеска претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган го соопшти ова по состанокот на турската влада, додавајќи дека земјотресите се случиле за време на „тешки зимски временски услови“, објави турската телевизија ТРТ.

Тој уште еднаш им изрази сочувство на семејствата на загинатите во земјотресот, кој, вклучително и соседна Сирија, однесе речиси 53.000 животи.

Слични содржини