Турција го казни TikTok поради непочитување на приватноста на податоците на корисниците

од Stefanija Kuzmanovska
100 прегледи

Турските власти ја казниле компанијата TikTok со 93.000 долари поради недоволни мерки за заштита на корисниците од незаконска обработка на нивните податоци, соопшти денеска Турскиот одбор за заштита на лични податоци.

Казната доаѓа во услови на зголемена меѓународна загриженост за тоа кој има пристап до апликацијата за споделување кратки видеа и нејзините кориснички податоци, пренесува „Ројтерс“.

Одборот за заштита на податоци на Турција, исто така, наведе дека TikTok треба да ги преведе своите услови за користење на турски и да ги ажурира текстовите за политиката за приватност и колачиња во согласност со регулативите на земјата.

Слични содржини