Турција „не е во позиција“ да го ратификува членството на Шведска во НАТО

од Nikola Popovski
177 прегледи

Турција во моментов не е во позиција да го ратификува членството на Шведска во НАТО, изјави Ибрахим Калин, близок соработник на турскиот претседател, пренесува „N1“.

– Не сме во позиција да го испратиме за Законот (на ратификација) во Парламентот, имаме проблем во тоа прашање, рекол Калин и додал дека постои можност пратениците да го отфрлат текстот.

Турските власти во четвртокот ја осудија видео монтажата направена од група блиска до Курдистанската работничка партија (ПКК) во Шведска, на која е прикажан турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган обесен, со натпис прикачен на него дека е диктатор. По тој повод, на разговор беше повикан шведскиот амбасадор во Турција.

Инцидентот се случи откако Турција ги блокираше Шведска и Финска да се приклучат на НАТО од мај, обвинувајќи ги дека засолниле членови на ПКК, организација која ја смета за терористичка организација.

– Во тој процес сме ангажирани шест, седум месеци и не е добро Шведска да се покаже во такво светло, рече Калин и додаде дека ваквите инциденти, доколку продолжат, ќе го забават процесот на прием на Шведска во НАТО.

Според него, Шведска мора да испрати „јасна порака“ за однесувањето на членовите на ПКК на нејзина територија.

Слични содржини