Мачката Хан беше извлечена од урнатините 49 дена по разорните земјотреси во Турција.
Сопственичката на мачката Нида Дина (36) секојдневно со ќерката ги посетувала урнатините на нејзината зграда, барајќи го својот сакан миленик.
„Зградата ни беше оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи некаде се сокри. Ја баравме секој ден и ја најдовме сега кога почна отстранувањето на урнатините на нашата единаесеткатница“, изјави Дина за турски „Хабер“.
Enkaz altındaki kedi kurtarıldı
Kahramanmaraş'ta yaşayan Dina ailesinin kedileri Han, afette yıkılan binanın enkazında kalmıştı. Kedi tam 49 gün sonra enkazdan çıkarıldı. pic.twitter.com/r0Juk3rs03
— A Haber (@ahaber) March 29, 2023
Како што истакна таа е пресреќна за чудото кое се случи и им порача на сите да не губат надеж.
Да потсетиме, на 6 февруари Турција и соседна Сирија беа погодени од серија разорни земјотреси, во кои загинаа над 50.000 луѓе.