201
Кипарското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Турција љубезно ја одбила нејзината понуда да испрати спасувачки тим за да помогне во потрагата по луѓето затрупани во урнатите згради по разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.
Министерството за надворешни работи на Кипар на Твитер соопшти дека понудата, која првично беше прифатена, сè уште стои и изрази благодарност до професионалните спасувачи кои се подготвени да спасат животи насекаде, пренесе АП.
Кипарски спасувачки тим од 15 членови, како и лекар и медицински техничар, од средата се во подготвеност за да отпатуваат за Турција како дел од Механизмот за цивилна заштита на Европската унија.