Турција бара да не се меша борбата против ИД и кршење на воздушниот простор

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави денеска дека не треба да се мешаат заедничките напори во борбата против Исламска држава и „кршење на турскиот воздушен простор“.

708877A4-E7A8-48BD-BC4A-500757749772_cx0_cy6_cw0_mw1024_s_n_r1

– Што се однесува до кршењето на турскиот воздушен простор, тоа не треба да го мешаме со заедничките напори да се бориме против Исламска држава и жестокиот тероризам, рече Чавушоглу во обраќањето на пленарната седница на Министерскиот совет на ОБСЕ, а по тет-а-тет средбата со рускиот колега Сергеј Лавров.

Тој рече дека масовниот прилив на бегалци и мигранти е приоритетна ставка, и потсети дека Турција од 2011 ја отворила вратата за над два милиона бегалци и потрошила осум милиони долари за таа цел.

– Се обидуваме да дојдеме до подобро решение на проблемот и подоследно решавање на тоа прашање, рече Чавушоглу, додавајќи дека тероризмот, екстремизмот и радикализацијата се предизвик за сите и можат да доведат до уште поголем број бегалци и мигранти.