Парламентот на Турција денеска изгласа измени на закон, со коишто се дозволува контролирано производство и продажба на медицински канабис во лиценцирани аптеки. Законот предвидува продажба само со лекарски рецепт и при строго дефинирани медицински услови.
Министерството за земјоделство ќе управува со одгледувањето и жетвата на растенијата, а министерството за здравствена заштита на Турција ќе ги контролира производството, лиценцирањето и дистрибуцијата на производите.
Според законот, дозволени се само препарати со ниско количество на тетрахидроканабинол (THC), состојката што го дава психоактивното својство на марихуаната. Производите од марихуана ќе бидат само за пациенти со хронични болести или специфични болести за кои конвенционалното лекување не е ефикасно.
Новата мерка, сепак, не е благонаклоно пречекана од медицинската заедница на Турција. Имено, Турската медицинска асоцијација изрази стравувања во поглед на отстуство на доволно научни докази за долгорочна ефикасност и безбедност на терапијата со канабис.
Се очекува првите аптеки да почне да се отвораат во следните месеци.