Турција: Експлозијата во фабриката предизвикана од хемиска реакција при производство на динамит

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Во денешната експлозија на фабрика за производство на ракети и експлозивни направи во Турција загинаа пет лица, а се претпоставува дека експлозијата настанала најверојатно поради хемиска реакција при производство на динамит.

Експлозијата се случила околу 8:45 часот во комплексот на државната машинска и хемиска индустриска корпорација во предградието на Анкара, изјави за новинарите гувернерот Васип Шахин, пренесе АП.

Шахин додаде дека експлозијата најверојатно била предизвикана од хемиска реакција при производство на динамит, а обвинителството веднаш покренало официјална истрага.

Слични содржини