Турција го блокираше пристапот до Инстаграм, без да наведе причини

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Турција го блокираше пристапот до платформата Инстаграм, соопшти денеска турската регулаторна управа за информатичка технологија, без да ја прецизира причината или колку долго ќе трае забраната.

Таа одлука е објавена на веб-страницата на турската регулаторна управа за информатичка технологија.

Забраната доаѓа откако турскиот службеник за телекомуникации Фаретин Алтун го критикуваше Инстаграм за блокирање објави во кои се изразува сочувство по повод убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханијa, објави Ројтерс.

Алтун, кој е шеф за комуникации на турското претседателство, на платформата Х напиша дека станува збор за очигледна цензура бидејќи Инстаграм не навел дека имало прекршување на правилата за објавување на таа платформа кога блокирал објави во кои се изразува сочувство за убиството на Ханијa.

Иранската влада и Хамас го обвинуваат Израел за убиството на Ханија.

Израел ниту ја потврди ниту ја демантираше својата вмешаност.

Израелските власти ги информирале американските власти за операцијата дури по атентатот, рече изворот.

Иранските државни медиуми и Хамас претходно сугерираа дека Ханијa е убиен од ракета истрелана надвор од зградата.

Поради убиството на Ханиja, Иран му се закани на Израел со одмазда, што ја поттикна загриженоста за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.

Слични содржини