Турција игра дипломатски шах на Блискиот исток

од Vladimir Zorba
96 прегледи

 

 

 

Договорот за нормализација на односите потпишан помеѓу Израел и Турција создава впечаток за нешто кое може да биде дефинирано како „нова нормала“тур

Нема да има навраќање на блиските стратешки врски од 90-те – нема веројатност, на пример, за големи договори за оружје.

Формалното опоравување на врските, што ќе доведе до враќање на амбасадорите, беше придружено со уште поновите обиди на Турците за помирување со Русија.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган даде целосно извинување до Москва заради соборувањето на рускиот воени авион на Турско-Сирската граница во ноември 2015 година.

И што се случува таму? Зошто овие турски дипломатски чекори? Што ќе добијат Израел и Турција од овој договор? И како сето ова ќе се одрази на политичкиот курс во регионот? Постои значаен степен на соработка помеѓу нив, а Турција набави повеќе големи оружени системи од Израел.

Нивните воени пилоти претходно заедно се обучуваа.

Всушност, епизодата Мави Мармара од мај 2010 година, кога изралески маринци се качија на турскиот бродо кој носеше хуманитарна помош и која беше наменета за појасот Газа, кој беше блокиран од израелска поморска блокада, она што го предизвика спорот.

По борбата на бродот, 10 турски активисти беа убиени.

Но заедничките односи веќе беа заладени откако партијата АКП која има исламистички корени, дојде на власт во 2002 година.

И што сега се смени?

Па, Израелците и Турците веќе неколку години преговараат за приближување – всушност, многу израелски аналитичари сметаат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху многу порано требаше да дојде до сличен договор.

Проблемите со обвинувања, компензации, национална гордост и долгорочна стратегија беа сите во игра.

An Egyptian protester walks atop a graffiti-covered wall in Cairo on February 6, 2012 as anti-military demonstrators and police clashed again outside the Egyptian capital's security headquarters in the wake of deadly football violence and amid calls by activists for civil disobedience in Egypt.   AFP PHOTO/MARCO LONGARI

An Egyptian protester walks atop a graffiti-covered wall in Cairo on February 6, 2012 as anti-military demonstrators and police clashed again outside the Egyptian capital’s security headquarters in the wake of deadly football violence and amid calls by activists for civil disobedience in Egypt. AFP PHOTO/MARCO LONGARI

Но, во последниве години, турската дипломатска позиција беше драматично ослабена во регионот.

Во турбулентните води на Блискиот исток, планот на АКП за брз економски бум заедно со дипломатија со нула проблеми, беше реална. Некои од арапските сојузници на Турција се прашуваа дали е ова само еден нов отоманизам – Турција, а тоа не треба да се заборави, пред Првата светска војна беше доминантна сила во регионот.

Тензиите со Курдите

Сега, сириската криза придонесе за растурање на амбициите на Турција. Турција беше активен бранител на иницијативата за отстранување на сирискиот претседател Башар ал Асад, и вооружи и им помага на повеќе групации за таа цел.

Турскиот активизам предизвика тензии со САД, кои веќе ја немаат наклонетоста кон регионот како претходно, во секој случај, и која ја гледа иднината на претседателот Асад помалку како приоритет отколку војната против таканаречената Исламска држава.

Вашингтон ги поддржува курдските сили – најспособните борци против ИД – што го запали алармот во Анкара.

Од политиката насочена кон Сирија, турската влада сега го рекалибрира фоксуот кон старите курдски политички амбиции.

Турција против сириските Курди против Исламска држава

Ако сака да дава иницијативи, тогаш и требаат пријатели – па затоа дојде и обидот за помирување со Русија (главниот поддржувач на претседателот Асад) и договорот со Израел, што ќе и донесе „позитивни поени“ кај Вашингтон.

Треба да очекува и други обиди на Турција зад сцената за да ги поправат односите со другите клучни играчи, како што е Египет.

Во смисла на билатералата, силните економски врски на Израел и Турција можеби сега ќе процветаат – се зборува за потенцијален договор за гасовод на Медитеранот.

А со доделување на Турција специјална позиција во развој на Појасот Газа, Израел се надева да добие предност над Хамас за да се избегне обновување на војна на југот.

Одржување на поделено палестинско раководство исто така да му одговара на премиерот Нетанјаху.

Се на се, ова обновување на односите не треба да изненадува.

Дури и ако мирот дојде, на редица расцепкани држави ќе им требаат години повторно да се спојат, а едноставно нема изглед ниту за нивото на средства потребни за нивна реконструкција.

Неарапските актери остануваат главните играчи – и Израел и Турција се загрижени заради амбициите на Иран во регионот.

Сириската криза само ја засили улогата на Техеран.

Затоа има смисла тоа што Израел и Турција го обновуваат исправниот дијалог.

И двете исто така и се приклучуваат на Москва, во сириската криза која и дава на Русија значајна улога во регионот, во време кога довербата во пристапот на Вашнгтон е на најниско ниво од било кога досега.

Би-Би-Си – Лондон