Турција ќе го урне секој авион, кој ќе го наруши нејзиниот воздушен простор

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Турција нема да се двоуми да го урне  секој воен авион кој го нарушува нејзинот воздушен  простор, изјави денеска премиерот Ахмет Давутоглу, цитиран од “Ројтерс”.

zx450y250_2631047

Неговата изјава доаѓа ден откако во близина на границата со Сирија беше уништен неидентификуван дрон, пренесе Ројтерс. “Вчера спуштивме беспилотно летало. Ако тоа беше авион, ќе  постапивме на ист начин. Нашата политика е позната. Кој ќе ја наруши нашата  граница, ќе му го дадеме потребниот одговор “, рече Давутоглу на партискиот митинг во градот Кајсери.