Турција очекува прекин на огнот во Газа пред Рамазан

од Nikola Popovski
255 прегледи

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан изјавил дека двојните стандарди на некои меѓународни актери за различни прашања и нивното непочитување на меѓународното право се разоткриени на овогодинешниот Дипломатски форум во Анталија (АДФ).

Говорејќи на церемонијата на затворање на АДФ овој викенд во јужна Турција, Фидан истакнал дека „се преземаат сериозни напори за да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа пред муслиманскиот свет месец Рамазан“.

„Турција ги поддржува ставовите дека воспоставените практики на меѓународната заедница во однос на Газа сега треба да се остават настрана во корист на преземање еднострани дејствија“, посочил Фидан и додал:

„На овогодинешниот АДФ беа откриени двојните стандарди на некои меѓународни актери за различни прашања и нивното непочитување на меѓународното право“.

На овогодинешниот Дипломатски форум во Анталија учествувале 4.700 гости од 148 земји. На Форумот учествуваше и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Слични содржини