101
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска му рекол на својот американски колега Лојд Остин дека членството на Финска во НАТО ја покажува поддршката на Анкара за проширувањето и се надева дека Шведска ќе ги исполни своите обврски што е можно поскоро.
Како што соопшти турското Министерство за одбрана, за време на разговорот двајцата министри разговарале и за важноста за брзо завршување на барањето на Турција за купување и модернизација на борбени авиони Ф-16, пренесе Ројтерс.
Како што претходно пишуваше „Волстрит журнал“, Турција треба да купи 40 нови ловци Ф-16 во вредност од 20 милијарди долари, како и комплети за ремонт на постоечките 79 такви авиони во турската флота.