Продажбата на сувенири во Турција надмина една милијарда долари

од desk2
16 прегледи

Турскиот туризам постигна нов рекорд, со оглед на тоа што продажбата на сувенири на странски туристи за прв пат надмина една милијарда американски долари, пренесува Бизнис Инфо.

Турскиот институт за статистика (TÜIK) објави дека странските туристи купиле сувенири во вкупна вредност од 1,05 милијарди долари во првата половина од годината. Тоа е за 15 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година, кога изнесуваше 904 милиони долари.

Во првите шест месеци, таа земја остварила приход од туризам од 25,78 милијарди долари, што е за 7,6 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Ова е највисок приход од туризам во првата половина од годината досега. Бројот на посетители се зголемил за 1,7 проценти, надминувајќи 25,53 милиони.

Како што пишува весникот Хуриет, овие бројки го потврдуваат континуитетот во силата на турскиот туризам. Туристите главно купувале магнети, текстилни производи, ратлук, сушено овошје и теписи. Продажбата на сувенири е меѓу најпрофитабилните сегменти на турскиот туризам.

Сепак, туристите во оваа земја потрошиле најмногу за храна и пијалоци, односно 5,43 милијарди долари, стоки и услуги 4,57 милијарди долари, домашен и меѓународен транспорт 3,54 милијарди долари и облека и обувки 2,69 милијарди долари.

Слични содржини