Турција започна да распоредува војници на Косово

од Nikola Popovski
437 прегледи

Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека почнало со распоредување специјални сили на Косово.

„По настаните во Косово, командоскиот баталјон на 65-та механизирана пешадиска бригада е распореден на Косово“, објави турското министерство на Твитер.

Веста доаѓа еден ден откако беше објавено дека Турција на барање на НАТО ќе испрати специјалци на Косово кои ќе бидат стационирани во касарната во Призрен.

Се додава дека станува збор за членови на баталјонот командоси од 65-та механизирана пешадиска бригада од Киркларели, која претходно беше распоредена како дел од КФОР.

Како одговор на барањето добиено од Здружениот штаб на НАТО во Неапол, поради настаните на северот на Косово, „се планира испраќање турски сили во касарната „Султан Мурат“ на Косово на 4 и 5 јуни“, наведе турското Министерство за одбрана.

Слични содржини