Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2024 година изнесува 107 672, од кои 25.8 % се домашни туристи, а 74.2 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во октомври 2024 година изнесува 211 611, од кои 32.5 % се од домашните туристи, а 67.5 % од странските туристи.
Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за
14.7.%.
Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1 %, а кај странските има зголемување за 9.9.%.
Бројките покажуваат дека најголем дел од туристите во текот на октомври биле од Турција, од каде што дошле 23.838 граѓани, потоа од Србија од каде што 6582 нивни државјани ја посетиле Македонија. Трета е Германија, од каде што нѐ посетиле 4686 нивни граѓани, па следуваат гостите од соседна Грција, од каде што дошле 4624 граѓани. Веднаш зад нив се туристите од Бугарија. Од таму ни пристигнале 2768 лица, по што следуваат гостите од Хрватска, од каде дошле 2368 посетители. Шести се полските туристи со 2367 посети.