Турците најчести гости во Македонија

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Расте бројот на туристи, но поголемо темпо бројот на домашни наспроти бројот на странски туристи. Според податоците од Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава во споредба со истиот период лани, бројот на странски туристи се зголемил за 10,4 отсто, а на домашните за 12, 5 проценти.

164646147-3bedf078-c004-4a2d-aa4d-69db41025763

 

Во мај во споредба со истиот месец лани вкупниот број на туристи се зголемил за 5,1 отсто, а бројот на ноќевањата  е за 0.8%. Најголем број на туристи дошле од Турција, Србија, Грција, Бугарија, како и од Холандија, Косово и Полска.