Турците станаа “политички уникатни” – одат кон автократија со елементи на плебисцит

од desk3
89 прегледи

Турција оди кон автократија со елементи на плебисцит. Ако Ердоган продолжи по овој пат, стабилноста, за која тој постојано зборува, може да се покаже како краткотрајна, пишува DW.

0,,18819459_303,00

Не, Реџеп Таип Ердоган не е диктатор. Диктаторите ги дефинираат однапред резултатите од виртуелни избори. И ако воопшто се дозволени други кандидати, тогаш само подобните . Случајот во Турција сепак не е таков. Во земјата имаше и продолжува да има три вистински опозициски партии во парламентот. Барем две од нив имаат сосема поинакво разбирање за Ердоган и неговата партија за идеалната надградба на државата и за улогата на исламот во општеството. И кога во неделата Турците требаше да се изјаснат за идниот состав на турскиот парламент, над 85 отсто од избирачите се вклучија во гласањето. Во овој поглед европските демократии можат само да и завидуваат на Турција. Во Германија слична висока излезност за последно имаше во почетокот на ерата Кол.

Сепак Турција е сè друго, само не и функционална демократија. Таа никогаш не била таква во 90-годишната современа историја, иако на почетокот на новиот милениум само за неколку години таа постигна извонреден напредок на патот на правната држава. Тоа се случи кога Ердоган беше премиер на земјата. Потоа сепак, веќе како претседател, тој се зафати со намалувањето на дел од граѓанските права и слободи на граѓаните. Во Турција се одржаа едни повеќе или помалку демократски избори поставени сепак во услови на постојниот во земјата дефицит на демократија, во кој правото на собирање и слободата на медиумите и правдата постојат само делумно. Турција оди кон автократија со елементи на плебисцит.

Турската демократија требаше само да победи, ако во неделата владејачката машина на Ердоган – неговата Партија на правдата и развојот (АКП) – не освои апсолутно мнозинство и мораше да управува во коалиција. Во таков случај АКП би ја загубила контролата врз клучните ресори како внатрешни работи и правда. Тоа би имало исцелувачки ефект за владеењето на правото во земјата. АКП од 2002 година, кога за прв пат победи на парламентарните избори, и АКП од 2015 година, кога по петти последователен пат се наметнува како прва политичка сила во земјата, немаат многу заедничко.
Кога безбедноста е поважна од слободата и правата
И сепак Турците одлучија дека оваа партија треба да управува со земјата. И имаат оправдани причини за тоа. Спомените за кратките коалициски влада во 90-тите години се уште живи во умовите на многу Турци. Стравот од нестабилни влади во Турција е толку силен како и стравот на Германците од инфлација, на пример. Многу Турци го поврзуваат зборот “коалиција” со хаос, девалвација на лирата и економска криза. Во позадината на настаните во југоисточна Анадолија, атентатите во Анкара и застој во економија, многу од турските гласачи изгледа одлучија дека една коалиција не би се справила подобро со сите овие задачи од АКП. Во таа смисла тие ја одбрале безбедноста пред слободата на медиумите и граѓанските права.

0,,17955523_401,00
Ако Ердоган сепак продолжи со тврдиот курс спрема своите внатрешни противници, постои опасност стабилноста во Турција да се покаже привидна или краткотрајна. Тврдиот приод кон Курдите од ПКК, со целиот достапен ресурс на турската армија и силите за безбедност, беше дел од неговата предизборна кампања. Што е разбирливо, бидејќи ниту една држава не смее да ги трпи активностите на една вооружена банда, која врши напади, вкл. со експлозиви, против нејзините војници и полицајци. Во исто време, сепак, во југоисточна Анадолија беа уапсени стотици Курди -адвокати, локални политичари и активисти – кои во никој случај не се терористи, како што тврди државата.
“Тероризмот” на многу од нив се сведува на тоа дека се залагаат за човековите права и се против Ердоган. А владејачката партија и нејзиниот семоќен лидер до неодамна сметаа дека се надмина курдското прашање, кое веќе е и турско прашање. Тие знаат дека конфликтот не може да биде решен со воени средства или масовни апсења. И ако АКП не се врати кон ова сознание, немирниот Југоисток нема да се смири и ќе продолжи да заостанува економски од другите области на земјата.

Курдското раководство сепак не е единствено по тоа прашање. Многу курдски политичари продолжуваат да сметаат дека Ердоган е коренот на сите зла за Курдите. Сега политичкото движење на Курдите треба да покаже храброст и да се соочи цврсто против многу опасен противник – ПКК, која се уште верува дека насилството е верен одговор на конфликтот со турската држава.