Претседателот на турскиот парламент Мустафа Шентоп објави дека го предложил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за Нобеловата награда за мир за неговите напори за решавање на кризата во Украина.
„Го предложив претседателот Ердоган за Нобеловата награда за мир поради неговите напори да воспостави мир меѓу Русија и Украина“, изјави Шентоп за весникот „Стар“, пренесува РИА Новости.
Од почетокот на војната во Украина, Турција постојано учествуваше како посредник меѓу Русија и Украина.