154
Три лица, меѓу кои и едно дете, се извлечени живи од урнатините на зградата во Антакија во јужна Турција, 296 часа по разорниот земјотрес.
На телевизиските снимки се гледа како три лица биле пренесени во болница од медицински екипи.
Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многу сè уште се водат за исчезнати.
Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800.
Турските спасувачки тимови денес продолжија да ги пребаруваат урнатините, иако шансите да се најдат преживеани се мали.
Експертите велат дека најголемиот број преживеани ќе бидат спасени во рок од 24 часа по земјотресот.