Туристи на Бали не носеле маски, па за казна правеле склекови (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Островот Бали воведе задолжително носење заштитни маски минатата година, а кршењето на таа обврска е санкционирано финансиски, но и на други, многу невообичаени начини.

Видео кое моментално кружи на социјалните мрежи прикажува збунети туристи, облечени за на плажа или опуштена прошетка на овој егзотичен остров, кои прават склекови под надзор на полицајците.

Имено, тоа беше казна за странците кои не ги почитуваа правилата за спречување на ширењето на коронавирусот во оваа земја и немаа со себе седум долари за да ја платат казната за неносење на заштитни маски.

Бали е претежно затворен за странски туристи, но сепак ги има на овој остров, особено оние кои доаѓаат од остатокот на Индонезија.

Меѓутоа, овој метод на казнување не се однесува само на странци – имало и случаи кога неколку локални жители морале да вежбаат поради непочитување на анти-епидемиските мерки.

Слични содржини