Туристичка атракција: Прошетка и пикник во градината на кралицата во Бакингемската палата

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Бакингемската палата ќе ја отвори својата градина за посетителите кои ќе можат да ја истражат за првпат без туристички водич, објави Royal Collection Trust (RCT).

Традиционалното летно отворање на државните простории во палатата, кое обично привлекува илјадници луѓе, е откажано втора година по ред поради пандемијата на коронавирус, објави Би-Би-Си.

Посетителите кои ќе издвојат пари за тоа, ќе можат да талкаат низ приватната градина на кралицата од јули до септември.

Ќе им биде дозволено да организираат пикник на тревниците, но ќе бидат забранети скари, игри со топка и алкохол.

Слични содржини