Туристите добиле предупредување: Силно невреме со обилни врнежи ја зафати Грција

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Силно невреме зафати некои делови од Грција. Во таа земја се најавуваат многу обилни врнежи и грмежи, како и опасност од поплави и порои.

Страшна снимка доаѓа од островот Андрос, каде улиците се целосно поплавени.

Невремето го зафати и Санторини, каде автомобилите останаа заробени во невремето и калта на улиците.

Обилни врнежи го погодија и островот Тинос.

Вчера туристи во Грција објавија на социјалните мрежи дека операторите им праќале пораки на мобилните телефони со предупредување дека доаѓа невреме.

Слични содржини