Туристите танцуваа на поплавениот плоштад Свети Марко во Венеција

од Stefanija Kuzmanovska

Ретка летна поплава го покри познатиот плоштад Свети Марко во Венеција со вода висока до еден метар во текот на ноќта.

Венеција честопати е погодена од поплави во есен и зима. Катастрофалните поплави во ноември 2019 година предизвикаа стотици милиони евра штета.

Поплавата, која се случи ноќта меѓу неделата и понеделникот, предизвика помала штета.

Двојките на плоштадот танцувале под музиката на пијано, во водата што стигна речиси до колена, децата си играле, а туристите шетале носејќи ги чевлите во рацете.

Поплавите во Венеција се предизвикани од комбинација на фактори кои ги влошуваат климатските промени, од покачување на нивото на морето до невообичаено високи плими.

Слични содржини