Туристите во Грција да носат пари во готово, предупредуваат аналитичарите

од desk3
96 прегледи

images

Идната недела Грција може да го ограничи повлекувањето на пари од банкарски сметки, предупредуваат аналитичарите и туроператори.

Експертите препорачуваат туристите, што планираат да ја посетат Грција, да понесат со себе доволно средства во кеш за минимум 3-4 дена, пренесува „Блумберг“.

– Ние препорачуваме на оние што планираат патување во Грција, да покажат будност, изјави Дејвид Свон, претставник на „Травелекс“, кој се занимава со размена на валути и е оператор на голем број пунктови и банкомати низ светот.

Аналитичарите од „Барклис“ сметаат дека идната недела Грција може да го ограничи обемот на парични средства, што може да се повлече од банкарските сметки.

Повлекувањето на пари од четири банки во Грција надмина една милијарда евра, а од почетокот на неделата вкупниот износ на повлечени средства изнесува три милијарди евра, што е за трипати повеќе од просечниот неделен индекс во изминатите три месеци. /МИА