Туристите во Грција веројатно без тест за коронавирус и карантин

од Nikola Popovski
253 прегледи

Од 1 јули, можеби дури и кон средината на јуни, Грција ќе ги отвори своите граници за туристите од ЕУ и Израел, со навестување дека нема да бидат потребни тестови, но и без пропишаниот задолжителна двонеделен карантин.

Според весникот „Катимерини“, намерата е да се олесни пристигнувањето на туристите во земјата, под услов тие да доаѓаат од области каде епидемиолошката состојба не е критична. Отворањето на границите порано значи можност сезонските хотели да започнат со работа од 15 јуни.

Грција се обидува да ги заобиколи барањата на ЕУ за задолжително тестирање преку „туристички мостови“, кои се билатерални договори со заинтересираните земји. Да потсетиме дека Грција се обиде да влијае на одлуката на ЕУ со одбивање на барањето за тестови.