Турската компанија „Јилдирим Груп“ го купува „Фени“

од Nikola Popovski

По залагањето на градоначалникот Митко Јанчев заедно со Комерцијална Банка АД Скопје за стечајната постапка за Еуроникел Индустри, на 22.03.2024 година се склучи договор за продажба на фабриката Еуроникел Индустри од страна на Комерцијална Банка АД Скопје со компанијата Polynickel Holding BV, која е дел од групацијата Yildirim Group, а преку новоформираната компанија Дабл Игл ДООЕЛ, информираат од Кабинетот на Јанчев.

Во соопштението се додава дека општина Кавадарци и Комерцијална Банка се среќни што оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред се ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании кои се директни добавувачи на фабриката.

-Општина Кавадарци со Градоначалникот Митко Јанчев и Комерцијална Банка АД Скопје ќе се залагаат според сите правни и законски можности, заедно со стечајнииот управник, преку стечајната постапка на Еуроникел Индустри, да се обештетат вработените и сите останати доверители, велат од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник.

Слични содржини