Турската заедница бара да се поништат резултатите од пописот

од Nikola Popovski
280 прегледи

Како Национално координативно тело за пописот на турскиот народ во РС Македонија, денеска доставивме Приговор со факти и аргументи дека целиот попис е споревиден против уставните и законските одредби. Исто така прекршени се многу права што се наведени во Уставот, изјави претседателот на Сојузот на турските невладини организации во земјава, Хусрев Емин на денешната заедничка прес-коференција со претседателите на Демократска партија на Турците Бејџан Илјас и на Движењето за национално единство на Турците Ердоган Сарач.

-Кога ќе се споредат нашите податоците од различни населени места каде што живеат Турци со објавените податоци се воочува огромна разлика помеѓу податоците. Уште еднаш потенцираме дека согласно фактите наведени во Приговорот, турскиот народ во Република Северна Македонија под никакви услови не ги признава пописните бројки и проценти, нагласи Емин.

Tој појаснува дека резултатите од пописот ги кршат правата на Турците.

-Во овие рамки, бараме поништување на пописот и невалидење на резултатите од Државниот завод за статистика со решавање на уставните и законските прекршоци направени во Апелација. Македонските Турци никогаш нема да ги признаат и прифатат резултатите од овој попис. Во овој момент, би сакале да потенцираме дека нашата правна борба, која започна денес, ќе продолжи и во идниот процес и ќе продолжи одлучно да се бори во рамки на сите други наши демократски права, кажа Емин.

Претседателот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач, за истото прашање рече дека чекале дополнителни информации од ДЗС од причини што секојдневно поради неисправноста на пописот имало доста примедби од сите политички субјекти и поединци. И ние сме сведоци дека директорот на ДЗС неколкупати ги менуваше изјавите, додаде Сарач.

-Неприфатливо е со ваков закон да имаме објективен попис. Ние очекувавме дека пописот на населението ќе биде статистичка операција, но за жал видовме дека се работи за политичка операција со главни атрибути од страна на властите, истакна Сарач.

Слични содржини