Авион на турската авиокомпанија “Turkish Airlines” кој патувал од Истанбул за Милано се приземјил принудно на аеродромот во Истанбул, поради палење на десниот мотор, јави телевизија NTV.
Приземјувањето е успешно.
Авионот А320 полетал од меѓународниот аеродром “Ататурк” во саботата наутро. По неколку минути се запали десниот мотор. Пилотот побарал дозвола да се врати и извршил успешно принудно слетување, иако за време на приземјувањето оштетениот мотор ги допрел тротоарите на патеката и предизвикал искри.