501
Турски бизнисмен тврди дека е многу блиску до купување на Челзи. Станува збор за Мусин Бајрак, претседателот на АГ Холдинг Груп – компанија која многу вложува во областа на енергетиката, градежништвото, туризмот и бродскиот сообраќај.
„Преговараме со адвокатите на господинот Роман Абрамович. Веќе сме во фаза кога остануваат само потписите на договорот. Наскоро ќе го вееме турското знаме во Лондон!“, изјави Бајрак во интервју за „Јени Шафаку“.
„Овој договор ќе биде многу важен за Турција. Нашите адвокати се во контакт со Абрамовиќ од првиот ден, кога стана јасно дека клубот е на продажба“, додаде тој.
Компанијата на Бајрак има многу бизнис во Лондон, но и во Италија, Грција и Шпанија, како и во цела Турција.