Турски државјани ограбиле таксист

од Nikola Popovski
22 прегледи

СВР Скопје поднел кривична пријава против О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б.(20), сите државјани на Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

МВР денеска соопшти дека на 03.05.2025 во Скопје, пријавените физички нападнале возач на такси возило со кое се превезувале, при што му го одзеле мобилниот телефон.