Турски државјанин прегазен со автомобил во Скопје, информираа од МВР.
Немилиот настан се случил пред два дена на 28.05.2023 вo 14:40 часот, кога било пријавено дека во Скопје, на крстосница од булеварите „Кузман Јосифоски Питу“ и „Крсте Мисирков“, патничко возило „бмв 740“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(52) од Скопје удрило во Г.К.(48) од Р.Турција, со привремен престој во Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.