Турски државјанин пукал кон свој сонародник во Чаршија

од Nikola Popovski
381 прегледи Стара скопска чаршија

Синоќа се случило пукање во старата скопска чаршија, информираат од МВР.

Според билтенот на полицијата, од слобода е лишен 30-годишниот турски државјанин М.Е.Е, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека со огнено оружје пукал кон свој сонародник.

-Околу 22 часот, пред угостителски објект на улицата „Казанџиска“, М.Е.Е. пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б. од Република Турција. Триесетгодишникот бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.