446
Турски државјанин со возило удрил во полициски службеник, соопштија од МВР.
Немилиот настан се случил на 19-ти мај во 02.50 часот.
-Полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Д.(28) од Република Турција затоа што со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од Гостиварската полиција.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него биде поднесена соодветна пријава.