Турски генерал ја презема командата на КФОР

од Stefanija Kuzmanovska
408 прегледи

Генерал-мајор на турската армија Озкан Улуташ во вторник ќе ја преземе командата на мисијата на НАТО (КФОР) на Косово.

Улуташ е првиот турски командант и 28-ми командант кој е сменет на чело на мисијата од 1999 година, кога по 78 дена од бомбардирањето на тогашната Сојузна Република Југославија, КФОР пристигна на Косово.

Командата на турскиот офицер во штабот на КФОР во Приштина ќе му ја предаде неговиот италијански колега, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча, кој командуваше со мисијата на КФОР изминатата година.

Улуташ ќе раководи со приближно 4.500 војници на КФОР на Косово, вклучително и околу 600 турски војници.

Воено средно училиште завршил во 1985 година, четири години подоцна завршил Воена академија како офицер на оклопни единици, а во текот на кариерата командувал на сите нивоа, од вод до бригада.

Од 2012 до 2014 година ја извршувал функцијата заменик командант на Гарнизонот на 28. механизирана пешадиска бригада.

Слични содржини