Турски граѓани излегоа на улиците на Истанбул за поддршка на Ердоган

од desk3
83 прегледи

Турски граѓани излегоа денеска на улиците на Истанбул, развиорувајќи го турското знаме за поддршка на Владата и како протест против обидот за воен удар, јави ДПА.

 

Демонстрантите носеа во рацете црвено-бели знамиња и се собраа на главните улици на градот.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган беше снимен од државната агенција Анадолија како се сретнува и се поздравува со своите поддржувачи во азискиот дел на Истанбил.т1

Илјадници Турци се собраа претходно денеска во Берлин и Виена за да протестирата против обидот за пуч во Турција и за да ја поддржат Владата на Турција