За разлика од украинскатат и германската маршута во Турција рускиот гас ќе треба да се соочи со исклучително острата конкуренција на Азербејџан, Иран, Ирак, а можеби и на Туркменистан и Израел.

Маршрутата за овие конкуренти на “Газпром” ќе биде многу пократок, а изградбата на гасоводите – многу поевтио. Пазарот на гас во Југоисточна и Јужна Европа не е толку голем и не ветува значително зголемување.
Русија обезбедува контрола врз јужната насока на гасниот извоз на Турција – неодамнешниот непријател и членка на НАТО, која освен тоа води борби во Сирија, и тоа далеку не на страната на Русија. Токму така во кратки црти може да се толкуваат договорите постигнати овие денови во Истанбул.
Министрите за енергетика на Русија и Турција потпишаа во присуство на претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган меѓувладин договор, ветувајќи билатерална државна поддршка за проектот за гасоводот “Турски поток”.
Ако – и засега тоа е многу големо “ако” – проектот биде исполнет, “Газпром” ќе пренесе значителен дел од извозниот проток на синото гориво од украинска на турска територија.
Што е поентата од промената на една една транзитна територија со друга?
Кога во 1997 година во Русија почна да се работи на создавање на гасотранспортните системи “Северен поток” во Балтикот и “Јужниот поток” преку Црното Море, раководството на земјата и на “Газпром” тврдеше дека по новите патеки ќе потечат нови количини гас по нови договори, без да се нарушуваат изградените веќе правци.
Потоа беше направено едно претпазливо признание дека дел од гасот од старите цевки ќе биде сопрено. Сега официјалната задача за потоците е конечно дефинирана: да се заобиколи Украина, каде, виде има политички и технички ризици од нарушување на снабдувањето на рускиот гас за Европа.
Иако сигурноста и релативно ниските трошоци на маршутата во Москва решија да ја остават Украина без транзит, или со други зборови, да ја казнат соседната земја која веќе не е пријателска, лишувајќи ја од скоро 2 милијарди долари приходи од транспортот на руски гас до европските потрошувачи.
На “Газпром” им беше нарачано да гарантира патишта и, судејќи по сè, на компанијата е наредено да не сожалува муниција, односно да не обрнува внимание на тоа колку може да чини таква манифестација.
Овој пристап кон решавањето на политичката задача, поставена од Кремљ, се совпадна со интересите на традиционалните подизведувачи на гасовни инфраструктурни проекти, за чудно, но пак вообичаено појавување, се блиски пријатели на рускиот претседател.
Токму тие добија договори во рамките на “Северен тек” и “Јужен тек” за изградба на цевководи и изградба на компресорската станица на руска територија. Токму тие покажаа мајсторство во надувување на сметките: на распон Грјазовец – Виборг просечната цена на еден километар од трасата достигна 4,8 милиони долари, што за три пати ги надминува трошоците за слични проекти во други земји.
Парите течат и нафтоводите се градат, па дури и тогаш кога претходно беше јасно дека овој проект е бесперспективен: токму тоа се случи со трасата Сахалин – Владивосток, а потоа со “Јужен поток”, за кој “Газпром” залудно потроши до 17 милијарди долари додека во декември 2014 година, Владимир Путин не призна дека нема да може да се продолжи планираната рута до другиот брег на Црното море и најави нов проект, кој, пак, беше наречен “Турски поток”.
Понатаму, додека руските чиновници водеа преговори со Турците, воодушевени од оваа иновација, и им ветија дека против нивна согласност да ја прифатат трасата ќе добијат намалување на цената на гасот од 10.25%, “Гаспром” почна да дејствува во спротивно правец.
Компанијата целосно престана да јс финансира оваа компонента, го ликвидира одделот кој одговараше за проектот, а два италијански брода, специјализирани за изградба на цевководи, беа речиси една година низ Црното Море без работа, така беа пуштени да им се исплати поради што(Италијанците подигнаа тужба против “Газпром” тужба, во вредност од стабилна сума).
Во обид да ја спаси “Јужен поток” со нов изглед и да го оправда барем дел од колосални загуби, Министерството за енергетика на Русија преговара со Турците за изградба барем на една линија од гасоводот со моќност од околу 16 милијарди кубни метри гас годишно наместо планираните четири линии .
Турците побараа гаранции за попуст од цената. Контактите беа прекинати по инцидентот со соборениот руски авион во Сирија и продолжија со а нормализацијата на билатералните односи.
Попустите во меѓувладиниот договор беа билатерални.
Според податоците на Министерството за енергетика на Русија Москва се согласи да даде намалување на цената на гасот, а пак Турците ги прифатија во документот да биде вклучен текстот за втора линија на гасоводот.
Во Киев ситуацијата ја запишааа како огорченост и збунетост. Учесниците во вториот Украински гас форум, кој се одржа од 12 до 13 октомври, констатирале дека двете земји кои на зборови се претстават како големи пријатели на Украина – Турција и Германија – поддржале со изградбата на запишаните гасни правци и следствено за престанување на транзитот на гас преку украинска територија.
Германија, изразила подготвеност да ја прифати втората линија на “Северен поток”, се гледа во улогата на центар за распределба на струја и на руски гас во северозападна и централна Европа. Европските дилери се надеваат дека “Газпром” ќе користи нов пат за снабдување при нови комерцијални услови. А пак Турција добива клуч за стратешки важна инфраструктура на Русија со што ја држи во раце и политички и економски Москва.
За разлика од украинскиот и германскиот пат во Турција рускиот гас ќе треба да се соочи со исклучително остра конкуренција. Таму веќе се гради гасоводот TANAP, кој ќе испорачува по веќе склучен договор гас од Азербејџан не само во Русија, туку и во Италија, Грција и Бугарија.
А понатаму, како потпира Анкара, кон европските пазари низ турска територија ќе потече гас од Иран и Ирачки Курдистан. Не може да се исклучи по овој пат да тргне во иднина и гас од Туркменистан и дури од Израел. Покрај тоа маршрутата за овие конкуренти на “Газпром” ќе биде многу пократок во споредба со патот од Јамал во цела Русија и Црното Море, а изградбата на гасоводите ќе биде многу поевтина.
Покрај тоа поради запирањето на гасниопт транзит преку Украина, Романија и Бугарија стариот гасовод може да биде правецот наназад и да се испорачува гас за Бугарија и Романија од Каспискиот регион и од Блискиот Исток.
За втората гранка на “Турски поток” нема јасност.
Во Анкара се согласија да го прифатат, но во меѓувладиниот договор е наведено дека “Газпром” може да се откаже од неговата изградба.
Во летото на економски форум во Санкт Петербург министрите за енергетика на Русија и Грција потпишаа меморандум за можноста да се изгради “јужноевропски гасовод” од турската граница преку Грција и Италија и евентуално кон Австрија, преку Србија (каде овој пат може да се спои со потоците на руски гас од “северен поток” од Германија).
За да се заобиколување на антимонополните барања на Унијата, беше одлучено оператор на проектот да не биде “Газпром”, а руски и грчки банки, обединети во заедничко вложување при првично руско финансирање. И ете по неколку месеци Грците објавија: проектот е добар, но ќе стане факт само по благословот на Еврокомисијата. А расположението меѓу европските регулатори сега не се во корист на “Газпром”.
Пазарот на гас во Југоисточна и Јужна Европа не е толку голем и не ветува да порасне значително. Поради оваа причина конкуренција таму ќе биде акутна (дури и да не се зема в предвид глобалниот вишок од ЛНГ) и ќе треба руската стока да се предложи со големи попусти, кои на никаков начин нема да ги оправдуваат трошоците за производството и транспортот.
Одмазда за неподготвеноста на Украина да го следи курсот на Москва чини многу скапо на Киев, но тоа ќе ги чини скапо и “Газпром”, и буџетот на Русија, а на крајот и на руските граѓани. Профитабилен ќе останат само блиските до Кремљ подизведувачи, и, се разбира, европските потрошувачи на гас.