Гасоводот „Турски поток“ може од Турција да продолжува преку Грција, Македонија, Србија, кон Унгарија и Австрија, изјави денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Според рускиот министер Новак, преку гасоводот „Турски поток“ се планира испорака на руски гас за потрошувачите во Турција, но проектот може да продолжи преку територијата на Балканот се до Австрија.
– Знам дека многу земји се заинтересирани за овој проект. На пример, испораката на гас до австрискиот гасен чвор „Баумгартен“ е можна преку Грција, Македонија, Србија и Унгарија, нагласи Новак, додавајќи дека Русија води интензивни преговори со државите кои би можеле да бидат транзитни територии./МИА