Турски стрелец (51) стана хит на ОИ откако освои сребро без опрема и заштита

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Турскиот олимпиец олимпиец Јусуф Дикеч (51) го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Париз во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Дикеч стана вистински хит на социјалните мрежи. Имено, за време на дисциплината во мешана екипа со партнерот Севвал Илајда Тархан, Дикеч пресуди во борбата за среброто, а после тоа стана хит поради пристапот кон натпреварувањето.

Дикеч на натпреварот пристапува многу опуштено, со едната рака во џеб и без стандардна опрема за стрелање. Огромното мнозинство олимписки стрелци носат заштита за слухот и специјализирани очила за блокирање на видот на едното око и намалување на отсјајот. Дикеч ништо од тоа не користи и затоа веднаш стана популарен. Златото отиде кај српскиот пар Дамир Микец – Зорана Аруновиќ. Ја победија турската двојка со 16:14.

Дикеч студирал во Анкара, а подоцна магистрирал во Коња. Ова беше негов петти настап на Олимписките игри. Тој ја претставуваше Турција во 2008, 2012, 2016, 2020 година и сега во Франција. Тој беше двократен светски шампион во 2014 година, победувајќи во дисциплините 25 метри стандарден пиштол и 25 метри централен пиштол.

Има сребро во дисциплината воздушен пиштол на десет метри. Тој освои седум титули на европските првенства, вклучително и победа во дисциплината троен воздушен пиштол во 2024 година во Ѓер, Унгарија. Негово хоби е танцување.

Слични содржини