Турски тим најавува: Доаѓаат Балотели и Кошта!

од Vladimir Zorba

Адана, новиот член на најсилната турска лига, планира да ги привлече во нападот, ни помалку ни повеќе, Марио Балотели и Диего Кошта!

Тимот кој не играл во елитата 30 години се чини дека има големи планови, единствено прашање е како ќе изгледаат со двајцата контроверзни играчи.

„Започнавме преговори со Балотели, тој има желба да дојде. Има проблем со неговиот менаџер, ако се согласевме да му дадеме 600.000 евра провизија, Марио веќе ќе беше со нас”, откри првиот човек на клуб, Мурат Санџак.

Наскоро ќе се воспостави контакт и со Диего.

„Наскоро ќе дојде редот на Кошта. Планираме да му испратиме понуда. Навивачите не треба да се грижат, ќе сториме сè за да бидат среќни. Секако, не смееме да го заборавиме факторот на среќа што секогаш постои во спортот. Договори ништо не ни значат ако нивните девојки или сопругите не сакаат да дојдат во Адана. Имавме таков случај со Бјарнасон“.

Ова не се единствените планирани засилувања, во тек се разговори и со Хозе Фонте и со Јунес Беланд.

„Разговараме со двајцата. Тие бараа куќи за користење, скапи автомобили и сериозна плата. Не е лесно, но нема да се откажеме“.

Тој имаше порака и за сите оние кои го поддржуваат клубот.

„Ако донесеме 70 проценти од играчите што ги планираме, ќе бидеме на самиот врв на табелата. Планот е да ангажираме помеѓу 10 и 12 нови, квалитетни, фудбалери“, заклучи Санџак.

Слични содржини