Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, тврди дека покрај нападите на Азербејџан, во нападите во Нагорно Карабах учествуваат платеници од Сирија и терористи, како и специјални единици на турската армија.
– Имаме информации дека 150 високи турски воени офицери се наоѓаат во разни азербејџански командни центри и ги контролираат воените операции – рече тој во обраќањето до нацијата.
Тој додаде дека анализата на состојбата од претходниот ден покажува дека меѓу 150 и 200 непријателски војници ја нападнале позицијата на армијата Нагорно-Карабах.
Тој додаде дека ваквите напади се повторувале неколку пати во текот на денот со поддршка на ракетна и конвенционална артилерија, оклопни возила и воздухопловните сили.
Пашинијан рече дека ерменскиот народ во Нагорно Карабах и Ерменија веќе една недела се спротивставува на терористичкиот напад на Турција и Азербејџан.