Турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизкок изрази голема благодарност до Македонија, поради како што вели, стои рамо до рамо со Турција за надминување на тешките денови после катастрофалниот земјотрес што ја погоди таа земја.
-Меѓу С. Македонија и турција постојат длабоко вкоренети историски и меѓучовечки односи, што уште еднаш ги потврдуваме со денешниот настан. На оваа моќна солидарност и признателност искажана во овие тешки денови секогаш, турскиот народ со благодарност ќе се сеќава, рече тој денеска пред медиумите.
Секизкок информира дека во врска со финансиската помош, од земјава се трансферирани близу милион евра за потребите на погодените подрачја од земјотресот.
-Се надевам во наредниот период ќе имаме уште поголема сума која ќе биде пренесена, додаде турскиот амбасадор.