Турскиот парламент денеска го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО, по неколкумесечни размислувања.
Шведското барање е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, по што ќе биде проследено до американскиот Стејт департмент, пренесe Блумберг.
За да може Шведска да стане полноправна членка на Алијансата, нејзиното барање мора да биде одобрено и од унгарскиот парламент.