Турскиот парламент најостро ги осудува антиисламските изјави на Макрон

од Stefanija Kuzmanovska

Во заедничката декларација во вторникот, турскиот парламент ги осуди антиисламските ставови на францускиот претседател Емануел Макрон, јави Анадолија.

„Претставниците на политичките партии на Големото национално собрание на Република Турција најостро ги осудуваат провокативните, непочитувачки и опасни зборови на францускиот претседател Емануел Макрон упатени кон исламот, драгиот пророк Мухамед и муслиманите“, се вели во декларацијата.

Тие исто така ги повикаа светските лидери, политичари, филозофи, уметници и општество да усвојат ставови засновани врз основа на разум и мир и против ваквиот грд став.

Макрон предизвика реакции низ исламскиот свет, обвинувајќи ги муслиманите во Франција за сепаратизам и го опиша исламот како „религија во криза“.

Следеше убиство на француски просветител кој покажа карикатура на пророкот Мухамед за време на час за слобода на говор. Макрон му оддаде почит, додавајќи дека „Франција нема да се откаже од своите карикатури“.

Неколку арапски земји, Турција, Иран и Пакистан, го осудија ставот на Макрон против муслиманите и исламот, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека на францускиот лидер треба „да се лечи“.

Повик за бојкот на француски производи беше испратен на многу пазари, а Ердоган ги повика Турците да не помагаат или да купуваат француски брендови.

Слични содржини