Турскиот парламент неделава гласа за влез на Шведска во НАТО

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Турскиот парламент кон крајот на оваа недела ќе гласа за влез на Шведска во НАТО, објави Блумберг, цитирајќи неименуван владин претставник.

Владејачката партија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која има мнозинство во парламентот, ќе бара одобрение од парламентот за да го ратификува долгоочекуваното членство на Шведска во НАТО, изјави официјален претставник.

Шведска и Финска ги напуштија своите традиционални позиции на воена неутралност за да побараат заштита под безбедносниот чадор на НАТО, по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.

Слични содржини