Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, отпатува во Будимпешта за да присуствува на прославата по повод Денот на основањето на Унгарија.
Ердоган ќе присуствува и на отворањето на Светското првенство во атлетика чиј домаќин е Унгарија.
Во турската делегација се и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за млади и спорт Осман Аскин Бак, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Кацир, министерот за трговија Омер Болат, раководителот за комуникации во Претседателската канцеларија Фахретин Алтун и главниот советник на претседателот Акиф Чагатај Килиџ.
За време на посетата Ердоган ќе се сретне со унгарски претставници, а планирано е да се разговара за билатералните односи во сите области и да се разменат мислења за регионалните и глобалните случувања.
Се очекува Ердоган да оствари билатерални средби и со други лидери кои ќе бидат присутн и на настанот.