Турските сили гранатирале над 200 цели на сириските владини сили во Идлиб

од Aleksandar Petrovski
166 прегледи

Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар изјави дека повеќе од 200 цели се гранатирани во Сирија по нападот на сириските сили во кој загинаа 33 турски војници и 32 се ранети.

– По подмолниот напад, со авиони, беспилотни летала и со копнена поддршка, извршен е интензивен напад врз повеќе од 200 цели на режимот, изјави тој.

Министерот Акар информираше дека во нападите се уништени пет хеликоптери, 23 тенкови, 23 топа и хаубици, по еден систем за одбрана SA-17 и SA-22. Акар додаде дека во нападите загинале 309 војници на режимот на Асад.

Слични содржини