Амбасадорот на САД во Анкара, Дејвид Сатерфилд е повикан во турското Министерство за надворешни работи на разговори за изјавата што ја даде вчера американскиот претседател Џо Бајден во врска со настаните од 1915 година.
Неименуван дипломатски извор изјавил дека американскиот амбасадор Сатерфилд бил примен од заменик-шефот на турската дипломатија Садер Онал и дека тој ја пренел острата реакција на Турција на изјавите на Бајден.
На американскиот амбасадор му било кажано дека Турција остро ги осудува и целосно ги отфрла изјавите на Бајден, кои се неприфатливи и немаат историска или правна основа.
Турското Министерство за надворешни работи, исто така, му порача на амбасадорот Сатерфилд дека изјавите на Бајден немаат никакво влијание според меѓународното право и дека тие длабоко го повредиле турскиот народ и му нанеле рани на односите што тешко може да се залечат.
За потсетување, американскиот претседател Џо Бајден го исполни предизборното ветување и официјално призна дека злосторствата извршени врз Ерменците за време на Отоманската империја пред повеќе од сто години биле геноцид.