Турција: Автобус полн со кинески туристи се судри со две возила, двајца загинати, 30 повредени

од desk2
158 прегледи

Автобус полн со кинески туристи се судри со два автомобили во јужниот дел на Турција, при што загинаа двајца турски државјани, а 30 лица се повредени.

Една туристка во критична состојба со хеликоптер е префрлена во Анталија.

Несреќата се случи утрово пред градот Аксекија, во јужниот дел на покраината Анталија.

Автобусот со група од 30 туристи бил на пат кон Кападокија.

Се наведува дека таму се упатени амбулантни возила и повредените се пренесени во блиските болници.

https://www.youtube.com/watch?v=DUONzj_t-9s