Тирските и иранските власти разговараа за можна заедничка воена акција против курдските милитантни групи по минатонеделните преговори во Анкара меѓу началникот на главниот штаб на иранските вооружени сили и турските челници, изјави во понеделник турскиот претседател Реџеп таип Ердоган.

Обраќајќи им се на новинарите пред службениот пат во Јордан, Ердоган рече и дека, можна е заедничка акција со Иран за поефикасна борба против Курдската рабптничка партија и нејзината подружница во Иран, јави Reuters.
„Заедничката акција против терористичките групи кои танаа закана секогаш е во план. За ова прашање расправаа двајцата воени заповедници, а јас пошироко дискутирав за тоа како може да се изведе акцијата“, изјави Ердоган.